По усвојување на Одлуката од страна на Советот на Општина Прилеп шестата седница на Советот која ќе се одржи утре, 29.12.2021 година со почеток од 09.00 часот е прва што ќе се пренесува во живо за јавноста. Преносот во живо ќе биде овозможен за првпат.
„Преносот во живо на седницата на Советот на Општина Прилеп, граѓаните ќе може да го следат на линк кој пред почетокот на седницата ќе биде објавен на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk. Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Општина Прилеп граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо по претходна најава на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, со цел поголема транспарентност во работењето на Општината“, велат од Општина Прилеп.