ВИДЕО – Се реактивираше работата на Економскиот совет на Општина Прилеп


Денес се реактивираше работата на Економскиот совет на Општина Прилеп и се одржа првата конститутивна седница. Работното тело на Советот ќе има постојани и непостојани членови, кои се дел од бизнис секторот на Прилеп, стопанската и занаетчиската комора, јавните претпријатија, локалната самоуправа, јавниот сектор, невладините и здруженијата на граѓани како и професионалци од областа на културата, образованието, здравството и други.

„Денес ја одржавме првата првата конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп, со тоа го реактивиравме работењето на Економскиот совет кој што е од витално значење за нашата општина, бидејќи претставува симбиоза на јавниот сектор, стопанството, чаршијатаи општината. Воедно формиравме и работно тело со постојани и непостојани членови кои што активно ќе работат на решавање на проблемите и размената на мислења за подобрување на економскиот развој на општината. Надлежностите и задачите на работното тело всушност се да даваат пртедлози, идеи и сугестии се со цел за решавање на проблемите во нашата општина“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи