Ковачевски најави ваучери за струја за 45.000 граѓани

Facebook
Twitter
Email
Print


Ваучери од 1.000 денари ќе добијат 45.000 граѓани од ранливите категории за да ги покријат сметките за струја во зимските месеци. Ова го најави претседателот на СДСМ гостувајќи во „Тема на денот“ на Сител ТВ, Димитар Ковачевски. Тој рече дека Владата предвидела и намалување на ДДВ-то за струја од 18 на 5 отсто во случај на криза.

„Веќе е направен финансиски трансфер на енергетските компании оваа година, оставена е ставка во Буџетот за идната година, при првиот удар на кризата е намалена стапката на ДДВ од 18 на 5 % за електрична енергија и за 45.000 граѓани од ранливи категории се обезбедени по 1.000 денари месечно за покривање на трошоците за електрична енергија и греење“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи