Пендаровски денеска ќе му го довери мандатот за состав на влада на Ковачевски

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот Стево Пендаровски ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Димитар Ковачевски, во 13 часот во претседателската „Вила Водно“.

Новиот мандатар има рок од 20 дена да поднесе програма за работа и состав на новата влада до Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера истакна оти очекува да го добие предлогот за Влада на 10 или 11 јануари, а таа да биде изгласана до полноќ на 16 јануари.

Ковачевски на чело на владата ќе го замени Зоран Заев кој поднесе оставка од премиерската и лидерската функција во СДСМ по поразот на локалните избори одржани во октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи