РКЕ утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на струјата

Facebook
Twitter
Email
Print


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.

Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.

Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.

Драстично зголемување на цената на електричната енергија нема да се случи, уверува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Тој во емисијата Економски магазин на Алсат рече дека цената нема многу да порасне бидејќи на тој начин ќе се намали наплатата на сметките.

„Сè што е над 20 % во делот на електричната енергија е драстично зголемување. Компаниите имаат забелешки на нашиот планиран трошок за набавка на електрична енергија за покривање на загубите“, вели Бислимовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи