Бачовски: Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Facebook
Twitter
Email
Print


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари за плата за овчарите.

„Финансиската поддршка за оваа мерка е исплатена на сите сточари кои во период од една година не го намалиле бројот на вработени. Фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина над 700 метри, односно регистрираните одгледувачници се наоаѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри добија поддршка од 100 проценти од просечната плата во дејноста за период ноември 2018 до декември 2020 година. Оние фармери кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина под 700 метри надморска висина добија помош од 60 отсто од просечна месечна нето – плата во секторот“, соопштува директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Средствата се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.

„Агенцијата продолжува да биде партнер на земјоделците и сточарите. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за субвенции на сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на истата и не се должници кон АД. Водостопанство, АД. Пасишта или за закуп на земја преку МЗШВ“, соопшти Агенцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи