Во текот на вчерашната вечер (29.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 68 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.