Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Саши Мијалков вчера излезе од Истражниот затвор во Шутка.
На излегување на новинарите им одговори: „Не бегам, нема зошто да бегам“.
Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Мијалков со гаранција од 11 милиони евра во имот за притворот во случајот „Плацеви на Водно“.
Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор“. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.