ООУ „Гоце Делчев“: Наши ученици освоија неколку први места и едно второ место на Меѓународна ликовна изложба


ООУ „Гоце Делчев“ известува дека на Меѓународната ликовна изложба за деца и младинци 13 Ноември организирана од страна на Детски ликовен центар – Скопје од ова училиште учество зеле повеќе ученици од одделенска и предметна настава и освоиле неколку први и едно второ место.

„На изложбата пет ученици освоија први места, а еден ученик доби второ место.

Јана Ангелеска V б: Прво место – ментор Сузана Здравеска; 

Ева Блажеска V б: Прво место – ментор Сузана Здравеска; 

Стефани Димова VIII г: Прво место – ментор Филип Перески;

Стефан Секулоски VIII а: Прво место – ментор Филип Перески;

Ева Нонеска VI г: Прво место – ментор Филип Перески;

Софија Крстеска V б: Второ место – ментор Сузана Здравеска“, известуваат од ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп.

Честитки за учениците со желби за нивни понатамошни успеси.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи