Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалоци во умерени количини, без пиротехника и оружје

Facebook
Twitter
Email
Print


Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хронично болните редовно да ја земаат терапијата, препорачуваат од Службата за Итна медицинска помош и од Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

„Алкохолни труења може да се случат и кај децата на возраст под 18 години. Тие не треба да консумираат алкохол. Продавниците не треба да продаваат алкохол и цигари на деца под 18 години. За жал некаде и родителите им купуваат алкохол на децата. Порано немаше, но сега во продавниците има и безалкохолен шампањ“, рече Бубало.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами за МИА изјави дека се надева оти граѓаните нема да претеруваат со внес на храна и алкохолни пијалаци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи