Над 225 земјоделци од 5 различни плански региони: Југозападен, Североисточен Полошки, Пелагонски и Југоисточен во изминатите 2 месеци имаа можност директно на терен да ги зајакнат своите дигитални вештини, но во исто време и практично да аплицираат за добивање на е-услуги од нивен интерес. Во реализацијата на обуките на терен поддршката ја дадоа и локалните координатори односно претставници на локалните здруженија кои што пред започнувањето на теренските обуки имаа можност да поминат обука за обучувачи токму во делот на дигитализацијата и електронската комуникација со институциите.
Ваквите обуки на терен беа насочени кон локалните земјоделци и населението од руралните средини, а се со цел да се доближат електронските процеси и комуникација со институциите и тоа во делот на користење на услугите од националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk како и електронското аплицирање за субвенции, како дел од услугите за кои што земјоделците и населението во руралните средини има интерес, а во исто време ќе им го скрати и времето за чекање на шалтерите во институциите, средствата кои што им се потребни за посета на институциите на релација село-град и обратно, но и во исто време електронската комуникација го овозможува еднаквиот пристап за сите граѓани со оглед на тоа што личните врски, познаниците, пријателите кои што се користат во комуникацијата со институциите се сведуваат на минимум.
Зголемувањето на едукацијата за користење на е-услугите во исто време ја зголемува и свеста кај населението во руралните средини за потребата од дигитализација на секторот, но и за зголемена употреба на е-услугите што пак од друга страна влијае и на квалитетот на издавањето на услугите, но и на обемот на услуги кои што се електронски достапни, како и на зголемување на довребата во безбедноста на електронски издадените документи. Во рамките на активностите кои што Рурална Коалиција ги спроведува во проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“ во наредниот период ќе застапува за внесување на поголем број на локални е-услуги на националниот портал www.uslugi.gov.mk, a активно ќе биде вклучена и во процесот на имплементација и мониторинг на активностите предвидени во Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство за периодот 2021-2023.
Проектот „Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“ е финансиран како подгрант во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ кој што го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Рурална Коалиција е една од трите граѓански организации Рурална Коалициjа е една од трите организации од Северна Македониjа коjа што стана дел од регионалната мрежата ИЦЕДА – Мрежа за зголемување на граѓанското учество во спроведувањето на Дигиталната агенда, која што освен во Северна Македонија е активна и во Албаниjа, Косово, Црна Гора и Србиjа
Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан од Цивика мобилитас.