Во моментов има недостиг на возила во полицијата, како што имаше недостиг на многу други работи во изминативе 6 години. Затоа предвидовме средства во буџетот за 2022 година и сега веднаш, после празниците, ќе го донесам планот за јавнии набавки, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„И на основа на сите законски процедури ќе започнеме постапка за набавка на возила. Набавка на возила кои што треба да бидат насочени кон оперативното работење на полицијата. Значи нема да се набавувата возила за потреби на кабинети, на служби итн.. туку ќе се набавуваат возила исклучиво за потребите на оперативното работење на полицијата“, истакна Спасовски.
97