ВИДЕО – Децата од хорот во Параклис ги вежбаат Божикните песни кои што ќе им ги пеат на граѓаните за Бадник


Членовите на детскиот хор при црквата Свети Кирил и Методиј од Прилеп деновиве ги вежбаат Божикните песни кои што ќе ги им ги испеат на граѓаните на Бадник, во центарот на Прилеп, како дел од манифестацијата „Црвен тепих на хуманоста“, чиј организаторите се здружението на граѓани „Бадникови поворки“. И оваа година поради пандемијата за жал нема да ја има традиционалната и масовна Бадникова поворка, која тргнуваше од црквата Свети Кирил и Методиј, а потоа децата со импровизираната пештерка во која се родил Исус Христос шетаа низ целиот град. Како замена за тоа ќе биде оваа манифестација.

„На 6 јануари е предвидено од самиот параклис на Свети Никола, со хорот, кој што е на некој начин новоформииран во овој храм, да ја земеме самата пештерка, децата да ја носат 20-30 метри каде што се наоѓа Камената бина, со пеење на песната Вечниот Бог. Таму пак дечињата ќе се претстават со Вечниот Бог, тропарот на Божик, Кондакот на Божик и ткако ќе се претставиме таму, претставници на Општината, како што и секоја година ги пречекуваа коледарчињата, ќе ги даруваат со некои пригодни подароци“, тече отец, Веле Спиркоски.

Во состав на манифестацијата „Црвен тепих на хуманоста“ е предвидена е и хуманитарна акција. Граѓаните во наредните 2 дена ќе може какј параклисот на Свети Никола во центарот на Прилеп да донираат нерасиплива храна.

„Во Прилеп пештерката е изложена кај Параклисот на Свети Никола, каде ќе стои на 3, 4 и 5 јануари и сите граѓани од Прилеп и оние кои го посетуваат Прилеп ќе може кај Параклисот да донираат нераспилива храна, а потоа таа храна се собира и се носи кај сиромашните семејства каде што им е најмногу потребна“, додаде отец Спиркоски.

Оваа собрана храна потоа за Божик ќе биде распределна кај социјално загрозени земејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи