Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,5 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Со одлуката на РКЕ за 0,850 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денар.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена.