Моџо на кафе кај Пејо – ја превртија Македонија, згора и попреку

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Божидар Божиновски алијас  Моџо Килингтон, писател, поет, сценарист, активист на социјалните мрежи, овој пат директно од Битола му дојде на гости на Пејо и на Инфо Компас во Прилеп.

Во ова интервју ќе слушнете што мислат Пејо и Моџо за актуелната состојба во Македонија, за политичките партии, за косата на Бујар Османи и Антонио Милошоски, море си кажаа поштено се за сите политичарите од еден до последен. Ќе разберете зошто еден ден ќе зажалиме што не ја избравме Интегра која гледа во иднината 100 години напред, ќе слушнете за тоа каде го барале на работа сега Зоран Заев и кога и дали би се вратил Груевски од Будимпешта.

А ќе се открие и вистината за магичниот број 11 како и за тоа зошто на никој му нема текнато досега за гилотина освен на Левица.

Си поумабетија за тоа околу – недела неработен ден, покачувањето на струјата, копањето биткоини и стазата за Формула 1.

Ќе слушнете збор–два и за поезијата на Моџо, а Пејо дури и ќе прочита дел од неа.

За повеќе погледнете го ова навистина интересно интервју.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи