Резултати од пописот на населението се очекуваат во март

Facebook
Twitter
Email
Print


По 19 години државата ja спроведе најсложената статистичка операција – Попис на населението, домаќинства и становите.

Сериозноста и големината на операцијата само ја покажува тоа што ова е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен.

Податоците од пописот, кои треба да се објават до крајот на март годинава, ќе бидат основата врз која ќе се носат сите политики во следните десетина години – од инфраструктурни инвестиции, здравствени и образовни политики, до одлуки за странски и домашни бизнис инвестиции.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во изјава за МИА, вели дека е горд што со успешно спроведениот pопис, покажале дека Државниот завод за статистика е професионална и стручна институција во која работи професионален и стручен кадар, како и дека Република Македонија за 2-3 месеца конечно ќе добие податоци со кои ќе може да го планира идниот развој на државата и да креира политики соодветни на реалната состојба од кои полза ќе имаат сите.

„Во текот на целата година нашите напори беа насочени кон конечна реализација на оваа активност истовремено справувајќи се најнапред со пандемијата, а секако и со големиот број на опструкции кои доаѓаа од различни страни – политички повици за бојкот, дебатирања и спротивставени мислења во однос на методологијата и новиот комбиниран начин на спроведување на Пописот. Но, и она што не го очекувавме, а се случи – огромниот број на хакерски напади на самата пописна апликација и на комуникациските канали на Државниот завод за статистика. Сите овие случувања за нас се една огромна лекција – научивме дека со искрена желба за успешна реализација на поставената цел, со посветеност и истрајност може да се надминат сите предизвици и да се покаже дека нашата институција и вработените во неа се, всушност, една успешна приказна од која сите можат да научат нешто“, вели Симовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи