По речиси 4 години изградба, најдолгиот подводен тунел во Кина сега е отворен за сообраќај на возила, јавува „Си-Ен-Ен“. Со должина од 10.79 километри, тунелот Таиху се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу, на околу 50 километри источно од Шангај.
Според владини претставници од провинцијата, изградбата на тунелот кој започна на 9 јануари 2018 година, чинела околу 1.56 милијарди долари или 9.9 милијарди јуани.
Над 2 милиони кубни метри бетон се употребени за изградбата на двонасочниот тунел, кој има шест ленти и е широк 17.45 метри, јави новинската агенција „Ксинхуа“. Таванот на тунелот е опремен со шарени ЛЕД светла, дизајнирани да го спречат заморот на возачите.