УХМР најавува студен бран, со пообилни врнежи, засилен ветер и снег

Facebook
Twitter
Email
Print


Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини на северозапад со повремен снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Повеќе врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови каде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

УХМР со актуелно предупредување:

Денес кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој во вторник и среда ќе биде засилен. Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури (на места и под -10 степени), а и дневните на места ќе останат негативни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи