Утрово најниска температура била измерена на Попова Шапка од -8 степени, -7 степени биле измерени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -4 во Берово, -3 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, -2 во Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор, 0 степени во Дојран, 1 во Струмица, 2 степена во Гевгелија.
На Попова Шапка има 69 сантиметри снег, 20 сантиметри на Маврови Анови, 14 во Крушево, Ѓуриште, 11 сантиметри во Пожаране, 9 во Демир Капија, 6 во Битола, 4 во Прилеп, 3 во Кр.Паланка, 2 во Скопје–З.Рид, 1 сантиметар во Тетово и Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч.
Денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.
Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.