Утрово од 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и е со умерен интензитет.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.