„Прилепска трансферзала“ долга 70 километри – планинарски настан во мај во Прилеп


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион ни беше Владимир Јованоски, познат планинар од Прилеп, еден од нашите ретки високогорци, човекот кој се искачи на 2 од 7 светски сумити, Елбрус и Аконкагва, единствениот прилепчанец кој се има качено 100 пати на Солунска глава и уште на голем број највисоки врвови во повеќе балкански и европски држави.

Со него поразговаравме околу 100-чето на Солунска, искачувањето на највисоките врвови во Европа во Јужна Америка, Албрус и Аконкагва, дали планира искачување на трет сумит, но и за неговата најнова иницијатива наречена „Прилепска трансферзала“ која планира да ја реализира заедно со Пеце Илиоски, но на овој настан, кој се планира да трае 2 дена, може да се приклучат сите љубители на планината.

Првична маршута на транферзалата: прв ден: Старт р.Панорама – Трескавец – Дервен – Борула – врв Козјак – с. Плетвар. Втор ден: с. Плетвар – врв Ливада – врв Две Стени – превој Слива – врв Веслец – с. Штавица.

Повеќе околу сите планински активности на Јованоски погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи