Тестови на државно ниту за лек, граѓаните повторно плаќаат на приватно за да проверат дали се ковид-позитивни. Во првите десет дена од годинава биле направени вкупно 67.534 теста во државните и во приватните болници и лаборатории низ земјава. Од нив само 7.319 теста биле направени на државно, а 28.290 на приватно. Преостанатите 31.925 се брзи тестови кои се направени во јавното и во приватното здравство
Недостигот на тестови повторно е проблем и покрај ваквото искуство од минатата година. Наместо да чекаат со денови, граѓаните неретко одлучуваат да платат и до 2.000 денари за ПЦР-тестирање. Исто така матичните лекари кубурат со време за прегледи и алармираат дека има многу болни, што значи дека бројката секој ден расте, како и потребата за тестирање на граѓаните.
Од почетокот на годинава досега во приватните болници и лаборатории се направени 28.290 ПЦР-тестови. За таа услуга граѓаните платиле речиси 700 илјади евра. Во приватните болници и лаборатории цената за тестирање е различна и варира од околу 1.400 до над 2.000 денари. За брзите тестови се плаќа во просек по 1.000 денари, а за ваков вид тестирање на приватно граѓаните платиле 15.962.000 денари, или 260 илјади евра.
Кога ќе се вкупната сума се доаѓа до тоа дека за само десет дена за ПЦР и за брзи тестови граѓаните на приватно платиле околу еден милион евра.