Колку БЕГ заработуваше од парното пред поскапувањето на гасот?

Facebook
Twitter
Email
Print

Ќе има ли редовно снабдување со  топлинска енергија, кој ќе ја покрива разликата меѓу цената што ја плаќаат граѓаните и компаниите и реалната цена за оваа услуга со целосно вкалкулирани трошоци за набавка на гасот – се прашања што деновиве се во центарот на интересирање на околу 60.000 скопјани кои се греат на парно греење.

Од Владата и од Регулаторната комисија за енергетика смируваат дека граѓаните не треба да стравуваат и дека тие ќе го плаќаат парното греење согласно утврдениот ценовник со важност од 1 јануари годинава, а дека на компаниите што се занимаваат со оваа дејност, износот ќе им го доплаќаат Владата (80%) и Градот Скопје и општините (20%).

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк откриваат какви биле финансиските резултати на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ),  компанија која со 90 проценти го држи пазарот на топлинска енергија. Групацијата БЕГ во својот состав има 3 компании и секоја од нив има посебна лиценца – за производство, за дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија. Финансиските резултати за 2021 година се уште не се објавени, но еве што покажуваат податоците за периодот 2016-2020 година:

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ: ДОБИВКА/ЗАГУБА ПО ГОДИНИ

(Во евра)

ГОДИНА ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП ДООЕЛ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ
2020 + 1.567.740 +   655.161 – 531.564
2019 –     601.998 -2.186.286 – 296.705
2018 – 2.260.272 –    489.809 + 768.885
2017 –    880.000 +1.005.849 +808.830
2016 +2.121.527 +1.451.380 + 113.946
Кумулативно –       53.003 +   436.295 + 863.392

Од финансиските резултати може да се види дека за 5 години, компанијата што се занимава со производство остварила кумулативна загуба од околу 53.000 евра, но компаниите за дистрибуција и за снабдување заедно донеле кумулативна добивка од околу 1,3 милиони евра.

Инаку, покрај овие три компании во рамките на БЕГ групацијата постои и компанијата „Балкан енерџи секјурити“ ДООЕЛ Скопје која е наменета за обезбедување на енергетски капацитети.

„Балкан енерџи груп“ е сестинска фирма на Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје кое поседува и управува со постројка со среден годишен капацитет од  220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-otkriva-kolku-beg-zarabotuvase/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи