Од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп известуваат дека започнува изведбата на проектот за реконструкција на училиштето со средства на Министерството за образование и наука. Проектот вклучува фасада, дренажа, подови, осветлување, бојосување, промена на азбестните плочи на дел од покривот.
„Училиштето ќе добие нов лик, а учениците и професорите ќе имаат подобри услови за изведување на воспитно образовниот процес“, истакнуваат од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.