Регулаторната комисија донесе одлука за ново зголемување на цените на горивата. Согласно Методологијата за формирање на цените, од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,94%.
Имено, цените на бензините се зголемуваат за 1 денар, додека дизелот поскапува за 1.5 денари.
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 69,00 ден/лит.
98