Обвинителите кои постапуваат по случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица го добија Извештајот од германските експерти.
Сега добиениот документ треба да се епреведе, па потоа да може да се анализира и да се донесе одлука.
Пожарот во тетовската модуларна болница се случи лани, на 8 септември неколку минути после 21 часот. Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.
За сега нема отворено истрага против никого, туку се води предистражна постапка. Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош.