Лирман: Преговорите со Македонија треба да започнат – прашањата со Бугарија да се решаваат независно

Facebook
Twitter
Email
Print

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Макеоднија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече германската министерка за Европа, Ана Лирман на денешната заедничка прес-конференција со министерот Бојан Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатерталните прашања со Бугарија мора да бидат билатерално решени, независно од пристапниот процес со ЕУ.

„Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат“, истакна министерката.

Маричиќ рече дека новата влада е подготвена за отворените прашања со Бугарија да разговара отворено, искрено и принципиелно и дека дијалогот ќе биде директен, интензивен и транспарентен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи