Маричиќ: Не е наше да кажуваме каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print

Новиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ запрашан на денешната прес конференција со германската министерка за Европа, Ана Лирман, во врска со негирањето на македонското малцинство во Бугарија од страна на новиот бугарски премиер Кирил Петков, изјави дека пракса досега на нашата Влада била да не се меша во внатрешните работи  на било која држава и дека на тоа не обврзува и нашиот Устав.

„Најпрво мислам и до сега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на било која нашата соседна држава, а тоа е обврска од Уставот. Не е на Северна Македонија да кажува каде какво како малцинство има во некоја држава во регионот. То е внатрешно прашање на сите држави вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група на луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение имаат право да си ги барата своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во било која држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска“, рече Маричиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи