23 годишен јутубер лани заработил неверојатни 54 милиони долари

Џими Доналдсон, или попознат како MrBeast во 2021 година успеал да заработи неверојатни 54 милиони долари, со што стана јутубер со најголема заработка во историјата.

23-годишникот има 88,3 милиони претплатници на YouTube и моментално неговите видеа имаат повеќе од 10 милијарди прегледи.

Тој почна да објавува на YouTube на почетокот на 2012 година, а стана познат по видеата со предизвици, тешки задачи или преживување.

Во текот на изминатата година тој заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои заработија околу 40 милиони долари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи