ВИДЕО – Левица Прилеп: 15% намалување на платата за сите вработени во Општина кои на 14-ти си заминаа порано од работа

Од политичката партија Левица истакнаа дека на вчерашната 7 седница на Советот на Општина Прилеп успеале да дејствуваат со повеќе, според нив, конструктивни работи.

На вчерашната седница од советот на општина Прилеп успеавме: 

-Да спречиме незаконско покачување на платата на општинската адмистрација во Општина Прилеп

-Да обезбедиме финансиски средства за помош при лекување на малата Бисера

– Да покренеме иницијатива за отпочнување на постапка за изрекување на парична казна – намалување на вкупната нето плата за месец јануари со -15% на сите вработени во администрацијата на Општина Прилеп што своеволно и неоправдано го напуштиле работното место во работно време на ден 14.01.2022 год

-Да дадеме предлог за автобуска линија Прилеп – Витолиште барем еден ден вонеделата

– Пренамена на средствата од откажаните културни настани за обезбедување просторија за локалните музички групи и сл“, велат од партијата.

Од Левица велат дека сакале да поднесат амандмани во петокот во законски рок, но вратите на Општината биле затворени.

„Еве ги спремни Амандманите но како да ги поднесеме? Во петокот во законски рок пробано е да ги доставиме во архива но како? Наидовме на затворени општински врати. И покрај дупката во буџетот господата во Општината со години уназад имале пракса на Василица да си се напијат, да си се најдат, да си вртат бурече со париче, златник и сл. и потоа уште утрото на самиот работен ден , во работно време групно одлучиле сите организирано да го напуштат работното место. Затоа еве сега овде, врз основа на член 45 од Деловникот на Советот на Општина Прилеп ја поднесуваме оваа ИТНА ТОЧКА на дневен ред која гласи: Предлог-одлука за отпочнување на постапка за изрекување на парична казна – намалување на вкупната нето плата за месец јануари со -15% на сите вработени во администрацијата на Општина Прилеп што своеволно и неоправдано го напуштиле работното место во работно време на ден 14.01.2022 год и пренамена на овие сретства за лекување на Бисера Ристеска“, велат од Левица.

А ова го доставуваат како образложение за итност на точката:

Итноста за ставање на оваа итна предлог-точка на дневен ред ја гледам поради прекршувањето на ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, лошите пракси каде што беше доведено во прашање нормалното функционирање на општината, каде многу сограѓани не можеа да си ги остварат своите права, обврски и должности према општината (иако многу од нив имаа земено слободен ден од работа), и во услови на буџетска криза беше загрозена и онака кревката економија. Доказ се снимките од видео надзорот, изјава од сведоци и сл.

Членови од законот што беа прекршени:

1) не ги почитуваа работниот ред и дисциплина;

2) не ги извршуваа или несовесно и ненавремено ги извршуваа

работните обврски;

3) не се придржуваа кон прописите што важат за вршење на

работите на работното место;

4) не се придржуваат на работното време, распоредот и

користењето на работното време;

5) не побараа отсуство или навремено писмено не го известија

работодавачот за отсуството од работа;

6) со средствата за работа не постапуваат совесно или во

согласност со техничките упатства за работа; (пракса им беше со општински пари да си се почестат)

7) не ги почитуваат прописите за заштита при работа (јадеа, пиеја не носеќи маски и сега пола администрација е во карантин) незаконски или неовластено ги користеа средствата на

работодавачот. (во случајот народот) ибараме да се испита кој ја организираше и кој ја плати забавата”, додаваат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи