ВИДЕО – Со музичкиот настан „Ангел си ти“, хуманитарни акции и промоција на книги одбележан 41 роденден на Тоше


Со музичко-сценски настан „Ангел си ти“ на Камерниот оркестар од Битола, Пијано трио – Скопје и солисти на Македонската опера и балет денеска во Крушево беше одбележан 41 роденден на Тоше Проески. Учесниците колеги на Тоше, велат дека со ова сакаат да го зачуваат споменот за него.

„Бидејќи сите сме колеги со Тоше едноставно да дадеме и наш придонес кон чествувањето на неговиот роденден и да не ги заборавиме, ниту неговите песни, ниту неговите дела, да не го заборавиме како човек“, истакна Татјана Петрушевска, Пијано Трио – Скопје.

Се промовираа и книгите поврзани со Тоше – „Душа во Огледало“ на младиот автор Бојан Тодоровски и збирката песни „1.200 молитви за Тоше“ од авторката Маријана Митревска.

„Која книга содржи 1.200 песни, јас би ја нарекла книга на печатоци, како луѓето го доживуваат присуството на Тоше тука на земјата, што чувствуваат за него“, рече Маријана Митревска, автор на книгата „1.200 молитви за Тоше“.

Кога ќе се спомене Тоше првата асоцијација е хуманоста и љубовта. Токму затоа денеска во Крушево се одржа и крводарителска акција, се делеа пакетчиња за децата, како и 10 ваучери за социјално загрозени семемејства. Општината побара овој ден да биде прогласен за „Ден на хуманста“ во цела Македонија.

„Затоа што Тоше беше амбасадор на хуманоста, амбасадор на Крушево, на нашата земја, ии таа хуманоста ја правеше насекаде, без разлика на етникум, пол, вера, националност и слично“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

„Спомен куќата на Тодот Проескии преку овој настан „Ангел си ти“ сака да покаже дека уште за време на животот тој го доби тој епитет, ангелски глас и понатаму продолжува да живее и на некој начин да не води и моралнон и емотивно низ разни предизвици, додаде Лефкија Гажовска, директорка на Спомен куќа „Тодор Проески“.

Денеска во Крушево присутни се и фанови од цела Македонија, но и од странство.

„Да се биде денеска тука е чест и привилегија, но и тажно, но сите знаеме дека Тоше има само датум на раѓање“, рече Стела Прислав Вуис, фан на Тоше од Хрватска.

 

„Секоја година трчаме од Нова Градишка до Крушево, дел од нас решивме сега да доаѓаме и на овој ден тука да оддадеме почит, а не само на 16 октомври“, рече вели Наум Капрически, еден од маратонците кои секоја година трлаат за Тоше.

Традиционално на неговиот гроб семејството на Тоше за сите присутни на овој ден делеше торта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи