На 24.01.2022 од страна на вработен во Казнено поправната установа – Прилеп, кај Г.С.(53) од Прилеп, кој е на издржување казна затвор, биле пронајдени и одземени 49 таблетки. Против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.