Со проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР се отвораат подрачни канцеларии на Центарот за социјална работа во Долнени и Кривогаштани


Гости во ова издание на Инфо Регион се директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп Дејан Тошески и Марина Тошеска, од ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Поводот за овој разговор е тоа што после неколку години пауза преку проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, поддржан од Австриското министерство за социјална заштита и во соработка со прилепскиот Центар за социјална работа се отвораат подрачни канцеларии на Центарот во Општините Кривогаштани и Долнени.

Со нашите двајца соговорници поразговаравме околу тоа кој е главниот бенефит за граѓаните со отворањето на овие подрачни канцеларии, кои услуги ќе може да ги добијат таму, како ќе оди координацијата со Центарот во Прилеп, дали Центарот има проблем околу недостигот на соодветен кадар и како се планира да се надмине овој проблем во иднина.

Кои беа најголемите предизвици со кои се соочуваше Центарот за време на пандемијата, за колку се зголемени барањата за постојана паричан помош, но поразговаравме и околу тоа колку и дали пандемијата го зголеми бројот на случаи на семејно насилство.

Неуморните ЛАГ АГРО ЛИДЕР и понатаму продолжуваат со голем проекти кои што се од огромен интерес за локалната заедница.

Повеќе околу сите овие активности погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи