Костоски: Каде се парите од откажаните настани за култура во 2021 година на општина Прилеп?

Со над 16 години посветени во музичка и уметничка професионална наобразба и плус уште минимум толку, музичка и културна дејност би сакал да ви се обратам и да ја образложам сериозноста на ситуацијава и тоа како таа се одразуваше врз целокупното КУЛтуролошко  делување врз народот а посебно би дал акцент на состојбата во која се наоѓаат поголемиот дел од културните работници по што на крајот ќе ви ги изнесам и заедничките ставови што произлегоја од вчерашната неформална средба со нив, изјави советникот од Левица при Советот на Општина Прилеп, Методија Костоски.

Излагањето го пренесуваме во целост.

„Се наоѓаме во време кога културата и развојот на културата го допира буквално ДНОТО.

На почетокот едно само едно мало потсетување за на граѓаните да им биде појасно како функционира, од каде се финансира сето ова и со кои средства.

Окулу финансиската конструкција на програмата

За 2022 год. во програмата за култура се предвидуваат “вкупно потребни средства” од 8.970.000 ден. или окулу 146.000 евра за цела година. Тоа се нецели 0,66% од вкупниот буџет што е испод сите стандарди.

За 146.000 Евра може да си организирате само денови на турбо-фолк лудило со кафански street figter-и. Толку ви е од културата.

Само окулу 0,66% од вкупниот буџет или според бројот на жители на Општина Прилеп или тоа му доаѓа по 1,9 евра на жител. Сте одвоиле цели 117 денари по жител за цела година за култура.

-0,66% е премалку! Порто, Португалија издвојува 7% од целиот буџет на општината.

Кажете ми пример од историјата на град кој без културолошки процут добил економска и архитектонска експанзија? Треба да знаете дека овие работи одат заедно, рака под рака.

Со ова што го гледам само прокламирате евтина култура и ја донесувате на респиратори.

Дополнително оптоварува фактот што во самата програма за култура се вметнати и други активности што мене не ми е јасно зошто се нашле овде и зошто немаме посебна програма за спорт и рекреација па да може подетално да се запознаеме каде планирате да ги вложите сретствата и како ќе излезете од крајно мизерната ситуација во која покрај културата се наоѓа и спортот.

Според напишаново, стратегијата за спорт сте ја приспоиле со стратегијата за култура и барам објаснување зошто е тоа така направено.

Окулу планираните настани за тековнава година

Еве за да биде појасно ја поделив во категории и произлезе дека во самата програма за култура за 2022 год планирате да финансирате вкупно 39 настани и тоа поврзани со:

-Религија   2

-Паганизам    2

-Традиција и музичко наследство   2

-Мултимедија    3

-Театар   2

-Музички Фестивали и концерти    вкупно 6

-Чествувања    3

-Поезија и издаваштво   2 настани

-Стратегии за развој 3

Алтернативни “outdoor” спортови и актовности   14

Според ова слободно може да ја пишете како предлог програма за култура, спорт и рекреација. Не мора само култура овде да стои.

Окулу начинот на табеларниот приказ во програмата:

–   Имате 5 фестивали внесени во една графа со 300.000 ден. дали средствата се делат сразмерно и каде е назначено кој настан колку ќе земе?

– Цели 14 настани во една колона Ред. бр. 23. со 1.500.000 ден. повторно како и на кого ќе се распределуваат нема податок. Просек доаѓа по 1742 евра по настан но не знаеме кој-колку планира да земе.

Одделно за некои спорни настани:

По суми и ставки:

Реден бр. 2 –Меѓународен карневал Прочка. 1.500.000 ден. од кои средства поголемиот дел треба да одат за сместување на гости и учесници од странство.

Дополнително се поврзува Ред. Бр. 20 Учество на ГОДИШНАТА Конвенција на Европската федерација на карневалски градови каде треба да обезбедиме превоз на наши претставници и средства за чланарина во организацијата. Тоа е плус 100.000 ден.

-Посета на карневали во Македонија и соседните држави со репрезентативни групи ДОДАТНИ плус 200.000 денари или вкупно карневалот побарува 1.800.000 ден. Со оглед на тоа дека претходната година не видовме ништо поради ситуацијата со пандемијата ве прашувам КАДЕ ПОЈДОА ОВИЕ ПАРИ? Ако ги пренаменивте дали се пренаменети во култура или можеби во мовчето од скоро милион евра? Каде појдоа овие пари народот сака да знае!

Со оглед на тоа дека претходната година речиси сите настани беа откажани прашувам КАДЕ ПОЈДОА СИТЕ ПАРИ И ДАЛИ НЕКОЈ ГИ УКРАДЕ?

Ред. Бр. 7 – Пиво фестивал. Планирате 2.500.000 денари. Пиво фестивал немаше а исто така и парите ги нема. Дали и овие пари заминаа во дупката од над 4.000.000 евра загуба на општината само за минатата година. Дали можеби некој ги лапна?

Да се разбериме, блок дотациите, пари што ни ги праќа надлежното министерство МОРА да се наменат ИСКЛУЧИВО за таа намена т.е САМО ЗА КУЛТУРА! Не смеете од овие средства да префрлате за изградба на чешмурчиња, шопурчиња и сл. или НИКАКО за плата за вашата партиска администрација па после да ги условувате да ви гласаат на изборите!

Окулу ставот кон средбата со културните работници произлезе следново:

Станува збор за изразен став на окулу 50 музичари изведувачи или теоретичари, плус уште 40 изведувачи – кој од хоби, кој од задоволство, кој од мака директно или индиректно егзистираат од музиката и над 100 други творци што и тоа што го прават не им е поддржано и мораат од свој џеб да си финансираат нешто со што прават општо добро и учествуваат во зголемувањето на културната ризница на градов.

Покрај тоа, од парите предвидени од настаните што НЕМА да се реализираат бараат пренамена и со тоа се бара да им се обезбеди просторија во која по претходен редослед и термин ќе може да вежбаат и творат. Со остатокот од средствата бараат да се купи основна аудио опрема која ќе си стои таму и да им служи за нивните потреби. Целат кон тоа за некоја година целосно да оформат општинско музичко студио и да ја раздвижат музичката продукција која моментално е на -0!

Еве ги спремни Амандманите но како да ги поднесеме?

Во петокот во законски рок пробано е да ги доставиме во архива но како? Наидовме на затворени општински врати.

И покрај дупката во буџетот Господата со години уназад имале пракса на Василица да си се напијат, да си се најдат, да си вртат бурече со париче, златник и сл. и потоа уште утрото на самиот РАБОТЕН ДЕН, во РАБОТНО ВРЕМЕ групно одлучиле СИТЕ ОРГАНИЗИРАНО ДА ГО НАПУШТАТ РАБОТНОТО МЕСТО!

Затоа еве сега овде, врз основа на  член 45 од Деловникот на Советот на Општина Прилеп ја поднесуваме оваа ИТНА ТОЧКА на дневен ред која гласи:

Предлог-одлука за отпочнување на постапка за изрекување на парична казна – намалување на вкупната нето плата за месец јануари со -15% на сите вработени во администрацијата на Општина Прилеп што своеволно го напуштиле работното место во работно време на ден 14.01.2022 год.“, истакна Костоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи