Во однос на разговорите кои што се водат со Бугарија, ние внесовме една нова динамика во тие разговори. Вие бевте сведоци дека премиерот на Бугарија, господинот Петков беше во посета на нашата држава. Потоа договоривме нов пристап во преговорите, кој што пристап е свртен кон теми кои се однесуваат на реалните теми со кои разговараат едни две држави и две општества, истакна денеска премиерот Ковачевски.
„За таа цел имавме заедничка владина седница во Бугарија, во Софија каде беа формирани работни групи во областа на инфраструктурата, во областа на економијата, образованието и културата, областа на евроинтеграциите и во другите министерства кои што ќе комуницираат според потребите, а тоа е особено Министерството за одбрана, меѓутоа и Бугарија и ние сме членки на НАТО. Исто така таму работеше и историско образовната комисија кои што, бидејќи тие работат по своја методологија, тоа се професори по историја кои таму ветија дека ќе има нова динамика во наредниот период, со цел да дојдат до решенија кои тие ќе можат да ги презентираат во јавноста.
Во однос на тоа што се разговараше во Бугарија, министерот за надворешни работи имаше експозе, односно имаше излагање пред Комисијата за надворешни работи во Собранието и таму ги изнесе сите детали кои беа разговарани. Сите оние други комуникации кои Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги има со Министерството за надворешни работи на Бугарија се наоѓаат во фаза на работни документи, меѓутоа доколку се дојде до одредено решение кое што ќе биде прифатливо за двете страни, тогаш нормално тоа ќе биде комуницирано согласно процедурите, законите и Уставот тука кај нас“, кажа Ковачевски.