Министерството за внатрешни работи информира дека вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
За време на контролите казнети се вкупно 474 возачи, од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 161 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 313 надвор од населено место, велат од МВР и најавуваат и во наредниот период засилени сообраќајни контроли со цел да се зголеми безбедноста на улиците и патиштата.