Регулаторната комисија донесе одлука за ново поскапување на нафтените деривати. Од полноќ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1 денар, додека дизелот поскапува за половина денар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.