Прилепски Комуналец планира пролетва да ги исчисти сите диви депонии


Денеска вработените во ЈКП „Комуналец“ Прилеп ја чистеа индустриската зона по локаланиот пат од салонот Анита кон Мермерскиот Комбинат. Планот на „Комуналец“  е пролетва да се исчистат сите диви депонии, отпадот по локаланите патишта и излези, а се со цел да им се овозможи на граѓаните здрава и чиста животна средина.

„Но, за сето ова да се постигне потребна е поддршка и соработка со граѓаните и бизнис секторот, но пред се институциите задолжени за спроведување на контроли и казни кон несовесните. Уште еднаш да напоменеме дека „Комуналец“, работи по девизата дека „Сиот отпад има свое место“. Затоа апелираме отпадот прописно да се пакува на местото на неговото настанување во домаќинствата, а доколку се работи за поголеми количини на биоразградлив отпад (кастрени гранки од дрвја, косена или чистена трева, како и отстранување на стар мебел и теписи да се повикаат службите на 048/428 992, на емајл: presskomunalec@yahoo.com, или во порака на ФБ страницата, кој отпад се собира, транспортира и депонира бесплатно од страна на „Комуналец“, велат од ова јавно претпријатие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи