Со цел да ја искаже својата сериозност во барањето минималната плата да биде 18.000 денари, Сојузот на синдикати утре ќе одржи предупредувачки протест пред седиштето на Стопанската комора и Организацијата на работодавци, непосредно пред почетокот на преговорите со Организацијата на работодавци и со Владата.
Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи.
Протестот ќе биде во времетраење од 1 час, од 13:30 до 14:30 часот кога ќе биде блокиран сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“. Доколку преговорите бидат неуспешни од ССМ најавуваат и голем штрајк.