И Трајко Вељаноски излегува од куќен притвор со гаранција од 209 791 евра


Поранешниот пратеник Трајко Вељаноски од денеска е на слобода, односно излегува од куќен притвор, Апелациониот суд му ја прифатил понудената гаранција од недвижен имот, вреден 209 791 евра.

Вељаноски се наоѓаше во куќен притвор за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“. Во овој случај, со пресуда од Основниот кривичен суд Скопје изречена на 26 јули лани, тој е осуден на 6,5 години затвор. Пресудата сè уште не е правосилна со оглед дека Апелација треба да одлучи за поднесените жалби од странките.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи