Во ЦК „Марко Цепенков’ во тек е дигитализацијата на старата архива на театарот „Војдан Чернодрински“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници, големо богатство од архивски материјал на театарот, создавано од неговите почетоци, од 1950 година па се до 2000 година.
„Архивата на театарот, која сведок е создавањето на театарската историја во градот, е сместена во папки во кои има фотографии и плакати од премиери од секоја година поединечно, како и друг материјал, односно исечоци од весници во кои се пишувало за одиграната претстава. Ова е голем проект за Театарот, кој ќе се реализира подолгорочно, бидејќи треба да се обработат илјадници фотографии и плакати, со што ќе се заштити театарското наследство“, велат од ЦК „Марко Цепенков“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што беше набавена соодветна опрема за дигитализација. Инаку, во Театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат подготовките на претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.
Завесата на тетараот за првпат се кренала на 18 февруари 1950 со претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, при што се роди театар кој изоди голем пат до потполна афирмација.