ВИДЕО – По пауза од 2 години во Прилеп ќе се одржи меѓународниот карневал „Прочка“


По пауза од 2 години повторно во Прилеп ќе се одржи меѓународниот карневал „Прочка“. Засега се уште не е утврдена точната агенда, но првично се планира Карневалот да се одржи само со гости од Македонија. Најпрепознатливиот белег на „Прочка“ – „Прилепските Мечкари“ кои се дел од касапскиот еснаф, од кои всушност и потекнува маскирањето или по прилепски преправањето веќе наголемо се подготвувале, дури годинава го зголемиле и својот број.

„Бидејќи ние успеавме оваа година и минатата да купиме дел од опремата и оваа година ќе настапат во поголем број. Мечкарите работат, без разлика на сите работи тие и минатата година одржаа посета на касапските куќи“, рече Ванчо Ѓорѓиев, претседатек на меѓународниот карневал „Прочка“.

 

„Карневалот „Прочка“ е заснован врз основа на „Прилепските Мечкари“. Традицијата од пред 200 години се одржува и ќе ја одржиме“, додаде Тони Павлоски, потпретседател на здружението „Прилепски Мечкари“.

И од Општина Прилеп се надеваат дека оваа година полека ќе се вратиме во некоја нормала. Со буџетот биле предвидени 9 милиони денари за поддршка на повеќе културни манифестации.

„Се разбора се следи ситуацијата предизвикана од оваа ковид криза. Можеби ќе има измена во концепцијата што ќе значи ограничување на едно државни ниво, а не меѓународно и за најскоро време ќе бидат објавени деталите, пријавата и каде може да се пријавуваат оние кои сакаат да учествуваат“, рече Снежана Ристески, советник за култура во Општина Прилеп.

Доколку се биде како што треба во 2022 би требало да се одржат и други фестивалски брендови на Прилеп како Пиво фест, „Војдан Чернодрински“, „Пеце Атанасовски“, „Мариовско—Мегленските средби“, Џез Фестивалот, детските музички фестивали и други манифестации од овој вид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи