Од јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево апелираат граѓаните да ги тргнат своите возила од улиците, со цел поефикасно и побрзо расчистување на снегот од коловозите на крушевските улици.
„Нашата работа во овие зимски услови е отежната заради голем број на возила кои се паркирани на улиците и попречуваат 100 проценти ефикасност во чистењето на снегот. Расчистувањето на улиците може да се спроведе многу подобро доколку улиците би биле „ослободени“ од возилата. Апелираме на свесност кај граѓаните и разбирање за нашата работа. Со денови сме на терен и имаме се уште работа и затоа многу е важна соработката меѓу „Комуна“ и граѓаните. Имаме заедничка цел пред нас, а тоа се чисти, продоодни и безбедни улици“, велат од Комуна.