Ангелоски: Регионалната соработка преку „Отворен Балкан” важна за иден економски развој

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски учествуваше како говорник на онлајн настанот „ Економска интеграција на Република Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата „Отворен Балкан”.

„Отворен Балкан” е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал.

„ Бизнис секторот првенствено ги направи првите чекори, ги детектира слабостите а тие  се движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Во однос на Отворен Балкан, ние веќе имаме еден дел на Отворен балкан кој функционира а тоа е мобилната телефонија, движењето по границите со лични карти како документ за идентификација итн. Најрентабилно, најекономски најголем интерес би требало да имаме во соработката со нашите соседи. Од економската соработка во периодот 2020-2021 можеме да заклучиме дека малите земји повеќе се заинтересирани за поголеми пазари и поголемите пазари дефинитивно даваат компаративна предност да се работи и да се прошират капацитетите, со истите ресурси со мало проширување може да се дојде до поголем промет и подобри резултати. Македонија и Србија се долгогодишни партнери во стопанската соработка но сметам дека на страната помеѓу Македонија и Албанија има многу неискористен потенцијал. ” – истакна г. Ангелоски.

На настанот присуствуваа и се обратија и Претседателот на Владата на РСМ, г. Димитар Ковачевски, Директорката на Царинска управа на РСМ, г-а Славица Кутирова, Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и Експерт на Аналитика тинк тенк, Проф. Д-р Вели Креци, и Советник на директорот на Царинска управа, г. Анастас Маженковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи