ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Крајно несериозно и недоговорно е болницата да нема мазут, кои биле критериумите некој да стане добавувач?


Во текот на вчерашниот ден одржавме пресконференција, на која беа поставени неколку прашања во врска со набавката на мазут, за потребите на Прилепската болница. Од порталите дознавме дека директорката Кети Смилеска, во телефонски разговор потврдила дека болницата има мазут само за уште еден ден. Замислете само за уште еден ден! Велат во своето соопштение од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Во меѓувреме наместо греењето да се одвива во нормални услови како што доликува, се користеле разни уреди како клими и греалки, за кои прашање е колку истите задоволуваат во овие студени зимски денови?

Лесно е да се префрла топката поради чија вина е предизвикана оваа поразителна ситуација, дека болницата се наоѓала во ваква состојба поради тоа што доцнела испораката на мазут од добавувачот кој го добил тендерот.

Јавноста заслужува одговор на следните прашања:

-Кои критериуми болницата ги има поставено за ваков вид на набавка затоа што станува збор за сериозна набавка и дали има поставено воопшто критериуми за способност за вршење на професионална дејност и техничка и професионална способност или зад сето ова се крие можеби блиска фирма до централната власт?

-Дали можеби станува збор за фирмата која во 2021 продавала мазут со вода и истата е казнета? Како е склучен oвој договор?

-Дали во спроведената постапка за јавна набавка доколку и воопшто има таква постапка, е предвидена банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот и дали болницата ќе ја наплати истата?

-Како за крај да одговорат од болницата, кое е името на економскиот оператор со кој е склучен договорот?

Наместо од болницата да креваат раменици, да очекуваат дека ќе добиеле мазут деновиве, а да нема одговор на тоа колкава количина ќе биде испорачана, или која е причината за ваквото доцнење, е крајно несериозно и недоговорно однесување!

Дури и самото Министерство за здравство истакнува дека ваков проблем со недостиг на нафта или мазут не е пријавен од ниту една друга болница или здравствена установа. За жал, неспособноста на СДСМ и централната власт се потврдува секојден.

Токму затоа е потребна смена на централната власт, затоа што институциите мора да работат посветено и со полн капацитет и да бидат на ниво што ќе значи квалитетна услуга за граѓаните“, велат во своето соопштение од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи