Левица Прилеп : Мора да има одговорност за тоа што прилепската болница нема мазут


Големи проблеми околу нормалното функционирање на болницата во Прилеп. Покрај тоа што пред некој ден дел од кровот буквално се откорна, вчера на повеќето вработени им било кажано дека треба порано да си заминат од работа. Велат од Левица Прилеп во своето соопштение.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Нема мазут ни за лек! Веќе трет ден не работи парното, додека на пациентите што се хоспитализирани им е речено „да се снајдат и од дома некој да им донесе греалка”. Какво решение!

Како прво, електричната мрежа во самиот објект не е конструирана за толкаво оптеретување со што се отвора нов ризик, како второ, при оваа цена на електричната енергија дефинитивно болницата оди кон тотален БАНКРОТ!

Надлежните и потесното раководство не пресметале и навремено јавно не предупредиле дека резервите со течен енергенс се на минимум со што свесно ја криеле потенцијалната опасност со загрозување на човечки животи и неможноста да им се даде соодветна нега во хумани услови.

Последен договор за набавка на Мазут е направен од поранешниот директор д-р Драги Богојески на 03.03.2021 год. во износ од речиси 4,5 милиони денари за набавка на 200.000 Кгр. Мазут М-1 HC, според кој е договорено тековно снабдување за 12 месеци, но според наши извори нема средства за нови испораки.

Нетранспарентното работење го поддржуваме и со двете наши барања поднесени уште во минатата година а за кои не добивме одговор: “Увид и фотокопија од списокот-листа со ДОНАЦИИ што се пристигнати и заведени во болницата”, таков список не добивме и со право се сомневаме дека сите донации што пристигнаа од Македонија и од странство за време на пандемијата, завршиле во приватни раце, а апаратите и опремата на црно биле продавани по приватни амбуланти и болници во земјава“, велат од Левица Прилеп.

ВО СВОЕТО СООПШТЕНИЕ ЛЕВИЦА ПРИЛЕП ДОСТАВИ И ФОТОГРАФИИ ОД ДОГОВОРОТ СО ДОБАВУВАЧОТ.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи