Пратениците се изјаснија против укинувањето на апанажата

Facebook
Twitter
Email
Print

Пратениците во Собранието на Македонија гласаа против предлогот на политичката партија Левица за укинување на апанажата за пратениците и избраните функционери кога ќе им заврши функцијата.

„Измените на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани фунционери го предлагаме дека и така платите на фунционерите се многу поголеми од тие на другите граѓани и  тое е еден вид на класна и социјална дискриминација. Треба да се укине таа одредба бидејќи функционерите за да добијат апанажа треба да имаат само 2 години стаж, а другите работници треба да исполнат околу 12 услови. Министри кои се милионери бараат апанажа. Апсурд е државата да издржува милионери. Недозволиво е во една од најсиромашните земји во Европа да се издржуваат функционери милионери“, рече Борислав Крмов од Левица во образложението на предлог законот.

Сепак само 16 пратеници гласаа „за“, против беа 13 пратеници,  додека воздржани од присутните немаше. Со тоа предлогот на пратениците од Левица не е усвоен.

Претседателот на Собранието Талат Џафери беше еден од тие кои гласаа и против и од говорницата го образложи својот став по прашањето.

„Оваа највисока легислативна власт фунционира врз основа на Уставот и Деловникот. Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери. Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи“, рече Џафери.

Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, ги користат функционерски привилегии. Апанажата значи дека ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи