Измамена цвеќарка од Прилеп за Св. Валентин – измамникот и зел цвеќе и 14.500 денари


На 14.02.2022 во ОВР Прилеп, 52-годишна  сопственичка на цвеќарница во Прилеп пријави дека  била измамена од едно лице, кое телефонски нарачало неколку цветни аранжмани, кои наводно ќе бидат платени откако ќе бидат однесени од такси возило на одредена локација во Битола.

„Според пријавеното, лицето дополнително побарало од пријавителката на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи