Новоформираните тутунски здруженија, во сабота, во конференциската сала на библиотеката во Прилеп, со почеток од 17 часот ќе организираат Јавна трибина на тема: „Проблеми и решенија во тутунопроизводството“.
Велат дека тирибината ја организираат поради проблемите кои се провлекувале години наназад со откупот на тутун, а во пресрет на склучувањето на нови договори за реколта 2022-2023 година, се со цел за решавање на проблемите и постигнување на повисоки цени по класи за следната реколта.
„На трибината покрај членовите на здруженијата се поканети и Сојузот на земјоделски здруженија и претставници на тутунопроизводители од поголемите производни реони. Поради ограничениот простор, а со цел на запазување на сите ковид протоколи бројот на присутни ќе биде ограничен поради што јавно им се извинуваме на сите кои сакаат да присуствуваат а не ќе можат и ги замолуваме за разбирање“, велат од новоформираните тутунски здруженија.