ВИДЕО – Низок степен на дигитална писменост кај земјоделците, но и недоволни е-услуги кај руралните општини


Само 4,5% од населението во руралните средини се информира за работењето на општините преку нивните веб страни, 48% се уште дел од работите ги завршува преку шалтер. Ова се дел од резултатите од 9 месечно истражување во општините Кривогаштани, Старо Нагоричане и Врапчиште кое го спроведе Рурална Коалиција врз над 300 земјоделци. Тоа укажува на нискиот степен на дигитална писменост на оваа категорија граѓани. Иако пандемијата го поттикна користењето на е услугите во сите области, тоа не е случај со македонското земјоделство. Дури и режиските трошоци како, струја, вода итн.. не се плаќаат онлајн.

„Она што кај населението од руралните средини се упте преовладува е ниската доверба во електронското издавање на документи, всушност и ниската доверба во самиот систем на државата. Од друга страна се истакна дека се уште нема доволна навика или познавање на услугите кои ги нудат општините, не особено по електронски пат“, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка во Рурална Коалиција.

Од друга страна тука е нискиот степен на развој локалните е-услуги во руралните средини, недоволно развиената ИКТ структура, недостиг на човечки ресурси и опрема.

„Користиме да речам примитивен начин на комуникација, прво се слушаме лично со луѓето, му го средувме документот, го вадиме, му испраќаме уплатница, која да ја уплатат, ни враќаат фотографија од уплатена уплатница и преку е маил му го доставуваме документот. Доколку имаат желба може сето тоа да се испратии и преку пошта, но се уште не е воспоставена таква пракса, да е некој процес кој е навлезен длабоко во имплементација, но доколку луѓето не се во можност стоиме на располагање тие да ја добикат секоја услуга на Општината“, истакна Николче Папучкоски, Општина Кривогаштани.

Со дигитализација нa Општините би се намалила и корупцијата и барањето врски да се заврши некоја работа.

„Особено загрижувачкли беше фактот што над 40% истакнаа дека за да завршат одредена услуга во општините имаат свои познаници, роднини и слично и дека тоа е наједноставен начин да се завршии услугата за која што дошле. Но истакнаа дека дигитализацијата ќе биде единствен начин како да се обезбедии еднаков пристап на сите граѓани до услугите кои ги нудат локалните институции, вклучувајќи ги тука и општините. Електронската апликација е подеднакво досттапна за сите и не се правии разлика кој од каде е или кој од каде доаѓа или со кого се познава и се смета дека тоа е еден од налините како да се обезбеди реформа на локалната администрација“, истакна Јоноски, од Рурална Коалиција.

Заклучокот е дека електронските услуги мора да бидат еднакво присутни и во урбаните и во руралните средини, а дека е потребна поголема едукација за ова како на земјоделците, така и на самата администрација во руралните општини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи